ЏИПЏИИТЕ ЈА ОСВОИЈА БИСТРА

Potraga po adrenalin na BistraПедесетина авантуристи со џипови ги тестираа своите машини низ снежните предели на Бистра кај Кичево. Возачите со теренските возила од Прилеп, Кичево, Гостивар, Скопје и Охрид минаа стотина километри во дивината, во намера низ длабокиот снег да стасаат до Лазарополе. Адреналинот нараснал и во пониските калливи шумски непроодни простори, а кулминација достигнал на највисоката точка речиси од две илјади метри.

Прилепчанецот Методија Најдоски вели дека патеката била возбудлива и нудела различни изненадувања. Дебелата снежна покривка на места над еден метар била предизвик да се совлада со силата на Тојотите, Нисаните, Опелите и другите марки на џипови со различна моќ на моторите.

Во потрага по нови мистриозни патеки, се очекува прилепските џипџии наскоро да бидат домаќини. 

Loading