Педесетина авантуристи со џипови ги тестираа своите машини низ снежните предели на Бистра кај Кичево. Возачите со теренските возила од Прилеп, Кичево, Гостивар, Скопје и Охрид минаа стотина километри во дивината, во намера низ длабокиот снег да стасаат до Лазарополе. Адреналинот нараснал и во пониските калливи шумски непроодни простори, а кулминација достигнал на највисоката точка речиси од две илјади метри.
Прилепчанецот Методија Најдоски вели дека патеката била возбудлива и нудела различни изненадувања. Дебелата снежна покривка на места над еден метар била предизвик да се совлада со силата на Тојотите, Нисаните, Опелите и другите марки на џипови со различна моќ на моторите.
Во потрага по нови мистриозни патеки, се очекува прилепските џипџии наскоро да бидат домаќини.