МОДЕРНИ И КОРИСНИ СОВЕТИ ЗА РЕУПОТРЕБА НА ОТПАД

СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“

Potikk za ucestvo na Erazmus  proektiДека отпадокот не е само ѓубре, туку може да му се даде нова душа, нов живот, говореа професорката Елизабета Николоска и матурантот Благојче Мојаноски пред 23 ученици од СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ на дисеминацијата на романското искуство за проектот “Редуцирај, реупотреби и рециклирај”. Професорката го привлече вниманието кажувајќи идеи за реупотреба на истрошениот продукт, а со тое ем се корисни за животната средина, ем уникатни и модерни.

– Можат да бидат уникатни, модерни и корисни, ако една износена маичка или фармерки не се фрлаат в ѓубре, туку од нив направат ташна. Ги потикнавме да размислуваат и за процесот за рециклирање. Младите можат да иницираат отворање фабрика за рециклирање. Наместо да ги фрлаат отпадоците насекаде, да ги селектираат и да ги однесат во соодветни институции – кажува Николоска.

Учениците се заинтересираа за вклучување во интернационални проекти од програмата Еразмус +, а ученикот Мојаноски доби улога на обучувач, наставник.

– Презентирањето на стекнатите знаења од семинарот во Романија беше прекрасна можност да ги поттикнам соучениците за слични проекти – додава Мојаноски.

Покрај пред учениците, се планира презентација на резултатите пред професорите, а ако има интерес и во другите училишта. 

Loading