ТВОРЕШТВОТО НА МАЈЧИН ЈАЗИК – ПОТТИК ЗА КРЕАТИВНОСТ

СОУ „Ѓорче Петров“

Interes za neguvanje i zacuvuvanje na majciniot jazikСОУ „Ѓорче Петров“ беше домаќин на манифестацијата за Денот на мајчиниот јазик организирана од Младинската ИНФО СЕГА. Како поинаку да се искаже творештвото на мајчин јазик, ако не со пишување и читање проза и поезија, а наградите да бидат поттик за младите за креативност и духовно збогатување. Меѓу творците на мајчин јазик, се истакна Сара Дамеска од 2-3 клас под менторство на Билјана Тинтоска со раскажувањето на нејзиниот дневник. Стиховите за Тагата на еден поет на Николче Мојсоски од 1-2 клас под менторство на Лидија Ристеска му донесоа второ место. Третонаградена беше Елена Пачешкоска со текстот Очи под менторство на Жанета Видевска. Во знак на Денот, настанот го збогати Мартина Соколоска од 2-1 клас, презентирајќи го својот роман “Михаил”, кој наскоро во корици ќе излезе на виделина.

Невообичаено беше и присуството на млади активисти од Романија и Франција.  

{AG}392/medicinsko{/AG}

Loading