МОЈАНОСКИ – СИНОНИМ ЗА УСПЕХ

СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“

Vistinskata vrednost ne se osvoenite mesta tuku licnosta   sto stanuvam - MojanoskiСо мноштво натпревари и достигнувања во и надвор од државава се поврзува Благојче Мојаноски од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”. Тој е личност што е окупиран со перфекционизам. Секогаш бара “влакно во јајцето”. Авантурист е и лидер. Комуникативен е, дури и пацифист. Се стреми да открива, да патува и да го запознава непознатото. Меркалија е и за глума и рецитации. Може да се пофали со повеќе награди. Минативе три години на Образовното рандеву МАССУМ освои пет први, две втори и едно трето место за маркетинг план, електронско кариерно портфолио, штанд, видео реклама и филм. Лани со Теодора Петровска беа првопласирани за мултимедијална презентација на Меѓународниот натпревар по екологија во Сандански, Бугарија под менторство на Јасминка Димовска. Оломнани, пак беа прваци, во категоријата видео клип со соученичката Марија Петреска. Достигнувањата не се добројуваат. Едновремено успева да го совладува градивото и да реди високи оценки, покрај дополнителните ангажмани.

– Тајм-менаџментот, организираноста, дефинираните приоритети се клучните работи кои ме водат. Секој натпревар го гледам како нов предизвик, нова можност да го покажам потенцијалот и да ги надоградам личните способности. А вредност не се освоените места и награди, туку личноста што зрее како плод на постигнувањето на моите цели – кажува амбициозниот Мојаноски.

Учествувал во многу проекти, семинари, младински размени, летни кампови со најразлични теми како лидерство, кариерно насочување, екологија…, во Романија, Бугарија и во Македонија. Дел од фокусот му е насочен кон Младинската организација каде е претседател. Активен член е и во рецитаторската секција.

– Тешко е, но се најдува енергија да се ита кон зацртаните цели. Сепак, со семејството, пријателите и професорите, кои безусловно ми даваат поддршка, плановите стануваат стварност. Љубител сум и на добра книга и музика. Се втурнувам во страниците и заборавам на надворешниот свет – додава мултиталентот Мојаноски.

Од толку многу интереси и ангажмани тешко ќе одлучи што ќе студира. Ќе продолжи да се надградува низ поголеми успеси.

Loading