ФОТОГРАФИИТЕ НА КАРОЛИНА МИЦЕВСКА ВО ВЕЛЕС

KeriСиноќа во ликовниот салон на Народниот Музеј во Велес беше отворена изложбата “Момент на впечатоци 2”, од колешката Каролина Мицевска. Велешани уживаа во 24 фотографии, што се дел од нејзините убави моменти низ Македонија, од повеќе европски земји, со посебен акцент на Русија, бидејќи дел од изложените фотографии се создадени во оваа голема земја.

Изложбата ја отвори Елица Николова, директор на Музејот во Велес, која потенцираше дека фотографиите се јасни, полни и предизвикуваат восхит.

Мицевска имала изложби во Прилеп, Гевглегија, Радовиш, Крушево, Неготино.

Loading