ПИЈАНОТО НАЈПОПУЛАРНО МЕЃУ КИНЕЗИТЕ

По настапот на Христина Никоска во Кина

Odlicni reakcii na publikataНашата млада пијанистка Христина Никоска заедно со колегата, Милан Јанкулоски, го претставуваше Прилеп, музичкото училиште, но и Македонија на концерти во милионскиот град Вејфанг, Кина. За Зенит раскажа дека секогаш источната култура и музика важеле за инспирација и восхит кај музичарите.

– Да се почувствува одблизу оваа средина беше посебно искуство. Музичката организација, најпрофесионално нé пречека и претстави пред публиката. Беспрекорно беше реализиран концертот и мастер класите. Публиката имаше огромен интерес и почит кон класичната музика и изрази позитивни реакции. Локалната телевизија Шандонг нé претстави со пренесувањето на концертот, што дополнително му даде значење на гостувањето – изјави Никоска.

Таа потенцира дека во Кина посебно се цени пијаното.

Priem kaj gradonacalnikot i pretstavuvanje na Prilep– Пијаното е најпопуларно меѓу младите музички таленти.  Мастер часовите беа масовно проследени со огромно внимание и интерес. Учениците сериозно пристапуваат кон изучувањето на пијаното и кон овој вид на музика, одговорно однесувајќи се да стекнат знаења. Драго ми е што направивме голем прогрес во едукацијата на повеќе млади. Со многу колеги и музичари разменивме искуства. Претставувањето беше високо оценето и признато од врвни профили на музичари. Тоа е доказ дека во Македонија е развиена пијанистичката школа – објаснува Никоска.

Среќна е што го претставила нашиот град и музичкото училиште, а градоначалникот упатил признанија за придонес во развивањето на музичката култура.

– Кина е прекрасна земја, длабоко продуховена, жедна за знаење. Тие се најтоплите луѓе кои сум ги запознала – додава пијанистката.

Никоска посетила историски знаменитости, ги вкусила специјалитетите на кинеската кујна, а преку дружења со домаќините ја запознала древната култура.

Loading