Синоќа во ликовниот салон на Народниот Музеј во Велес беше отворена изложбата “Момент на впечатоци 2”, од колешката Каролина Мицевска. Велешани уживаа во 24 фотографии, што се дел од нејзините убави моменти низ Македонија, од повеќе европски земји, со посебен акцент на Русија, бидејќи дел од изложените фотографии се создадени во оваа голема земја.
Изложбата ја отвори Елица Николова, директор на Музејот во Велес, која потенцираше дека фотографиите се јасни, полни и предизвикуваат восхит.
Мицевска имала изложби во Прилеп, Гевглегија, Радовиш, Крушево, Неготино.