ЕМ ШТЕДЛИВИ, ЕМ ЕФИКАСНИ СВЕТИЛКИ НА СЕКОЈ ЧЕКОР

Дејан Стојчески, советник за електрична инфраструктура при ЛС

– Досега е изградено ново осветлување долго околу 20 км.

– Се подготвува кабловската канализација и подготвителни работи за осветлување на типската населба Градина

Dejan Stojceski - Novi svetilki n apoveke lokaciiДури 90 отсто од градот, вклучувајќи ги тука и селата, имаат јавно осветлување, со што го прават Прилеп еден од ретките најосветлени градови во државава. Со средства од Буџетот на општината, се осветлува со енергетски ефикасни светилки?

– Според годишните програми за комунално уредување, секоја година се  реализираат нови проекти во делот на јавното осветлување. Во 2008 година Прилеп беше меѓу првите во Македонија каде се заменија старите и се инсталираа нови енергетски ефикасни светилки. При тоа се заштеди во електричната енергија до 50 отсто. На тој начин се успеа секоја година заштедените средства да се користат за проширување на јавното осветлување. Досега е изградено ново осветлување со должина од околу 20 км.

Каде нема мрак ноќе? Би ги набројале ли локациите?

– Булевар “Гоце Делчев” -дел, ул. “Савска” – дел, ул. “Андон Слабејко” – дел, ул. “Самоилова” – дел, ул. “Павел Шатев” -дел, ул. “Победа” – дел, ул. “Вељко Влаховиќ”, ул. “Блаже Темелкоски”, ул. “Кеј 9 ти Септември”, “Кеј 1 ви Мај”, ул. “Дабнички завој”, ул. “Ердован Шабаноски”,  ул. “Александар Македонски” – влез Лук Оил, кружен тек Карпалак, пешачки патеки во Варош, паркот на Могилата, паркот кај судот, реконструкција на централното градско подрачје во старата чаршија, градскиот часовник, цветната улица кај бањата, улицата зад Сизот, покрај градскиот пазар, плоштадот Методија Андонов – Ченто, плоштадот пред ЦК “Марко Цепенков”, плоштадот пред Комерцијална банка, ново осветлување има во селата Марул, Волково, Штавица… Се изврши дислокација на контролни уреди за стартување на јавното осветлување надвор од ТС на ЕВН и вградување на систем за интелигентно управување и контрола на 25 мерни места како и подготвување на кабловска канализација и подготвителни работи за осветлување на индустриската зона Прилеп 1 и други.

Energetski svetilki na stolboviОваа година со програмата за јавно уредување во тек е изградба на јавно осветлување на неколку локации. Кои се тие?

– Ул. “11 Октомври” – дел, во градинка Тризла во должина од 200 м., Ул. “Архимедова” – дел од 150 м., ул. “Александар Македонски” – крак од 200 метри, ул. “Тетовска” -дел од 150 м., Ул. “Цане Кузманоски” – крак  од150 м., ул. “Ило Попадинец” – крак од 150 м.,  ул. “Београдска” – дел од 350 м., “Трајко Николоски” – дел од 350 м., парковска површина околу зградите во Вишне, на ул. “Наум Наумоски Борче” од 200 м., со вкупна инвестиција од 3,25 милиони денари. Потоа, подготвување на кабловска канализација и подготвителни работи за осветлување на типската населба Градина, како и продолжување со дислокација на контролните уреди за стартување на јавното осветлување надвор од ТС на ЕВН и вградување на систем за интелигентно управување и контрола на нови 25 мерни места.

Поставувањето на јавното осветлување на кракот на ул. “Александар Македонски” е многу важно за жителите на овој дел од градот?

– На нивно барање, локалната самоуправа, одделението за јавно осветлување, постави пет столба со модерни енергетски ефикасни светилки, чија инвестиција е вредна 200 илјади денари. Во овој дел се поставени и 10 столбови со модерни енергетски ефикасни светилки на кракот на соседната улица “Цане Кузманоски”. Инвестицијата е 350 илјади денари.

Den se pretvora nokta so svetilkiteНово улично осветлување има и на улиците: “Архимедова” и “Тетовска”. Обновено е и осветлувањето на крстот. Се работи и во Градина?

– Со изградбата на јавно осветлување на ул. “Архимедова” се поставија шест столба со модерни енергетски ефикасни светилки, со вложување од 200 илјади денари, како и на ул. “Тетовска”. При тоа се поставуваат пет столба со модерни енергетски ефикасни светилки за 180 илјади денари. Обновено е осветлувањето на крстот на Марковите кули со ново светлечко црево кое редовно се заменува и одржува. Со отпочнувањето на градбата на комуналната и патната инфраструктура за уредување на населбата Градина кај типските куќи, потпишан е договор за изведба на кабловска инсталација за јавно осветлување за 900 илјади денари, што ќе се реализира за скоро време. Изградбата е според програмата за комунално уредување, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината.

Што е тоа дислокацијата на контролни уреди и вградување на систем за интелигентно управување?

– Од голема важност е, иако граѓаните тоа не можат да го забележат како градба, бидејќи целосно го контролира јавното осветлување, овозможува брза и навремена интервенција при дефекти врз мрежата со што се скратува времето на интервенција. Заради тоа, сега не се чека екипите на ЕВН да овозможат пристап до уредите кои уште се сместени во нивните трафостаници.

Годинава акцент во програмата за осветлување е ставен на периферните места?

– За наредниот период може да се очекува продолжување на праксата и планирано е проширување на нови локации според програмата за комунално уредување за 2016 година.

Loading