ЕКСТРА ВКУС ВО ОДЛИЧЕН АМБИЕНТ

Пица бар „Борзои“

Kujnata e srceto na restoranotВо центарот на градот кај градскиот Саат отчукува часовникот дека време е за јадење во пица барот „Борзои“. Екстра вкусовите и одличниот амбиент сé повеќе стануваат омилено место за средби. Ресторанот е еден од оние каде кујната е срцето, а луѓето доаѓаат да се одморат, да создадат спомени со семејството и пријателите, да се забавуваат или да споделат пријатни моменти со партнерот. Кормилото низ кулинарската авантура го зазел Златко Велкоски.

– Пријателите се шегуваа кога го одбрав името, оти Борзои е раса на домашно куче од Русија. Придружник е на кралското семејство. Полн е со достоинство, лојалност, приврзаност и со уникатно крзно. Така и ресторанот е синоним за место со одлична храна за гурманите, а персоналот не смее да изневери, стои достоинствено и готви да ги оствари сите соништа на муштериите – кажува сопственикот Велкоски.

{AG}392/borzoi{/AG}

Борзои е многу повеќе од пицерија. Избирајќи искусни готвачи со неповторливи кулинарски вештини, Велкоски создал чудо од идејата да отвори едноставно место за поткаснување. Многумина посетители го нарекуваат ресторан од бајките, оти не само што од менито “отскокнуваат” вкусни состојки, уникатно уредениот амбиент дискретно осветлен од неколку светлосни тела, дава чувство дека гостинот се наоѓа во некое друго време, во друг свет, дури и надвор од границите на фантазијата. Велкоски внесол уметност и во инвентарот. Такаречи извајаните ѕидови декорирани со фотографии од едно луксузно време, предизвикуваат да се седне и да се почувствуваат мајсториите на готвачите. И уредениот простор со удобни столици или сепареа во златно-кафеава нијанса, мамат на муабет низ чашка, додека на секоја сервирана маса “вирее” свежо цвеќе. А во зависност од апетитот, расположението, па и начинот на дотерување, тоа е совршена средина за уживање во фини јадења, без џебот да се испразни.

Менито е мешавина на состојки и вкусови кои отскокнуваат од било кое кулинарско искуство. Совршенство од оброци уникатно декорирани од кои усните се облизнуваат, а јазикот “паѓа на масата”. Мноштво вкусови на пици, цезар салата, похована даска, до борзои грне е дел од раскошното мени. Секогаш со по нешто ново, дури и приготвено во фурна, што мами да се проба. Од доручек до вечера, има по нешто за ситост на сечиј глад. Тоа е убавината на пица ресторанот, а Велкоски се грижи за потребите на своите гости. Умее да направи посетителите да се опуштат и да се забавуваат во одличен амбиент со одбрана музика. Некогаш дури и виолина на увце потсвирнува за чашка пијалок повеќе или можеби за вечера кога сонцето ќе го замени месечината. Ништо помалку атрактивна не е летната бавча што исполнува копнеж за уште едно кафе или можеби десерт. Во опуштената атмосфера од која ретко кој заминува навреме, туку е гостин до фајронт, насмеаните келнери служат навреме и квалитетно.

– Навираат позитивни критики. Пиците веднаш беа хит, а да не се спомене и грнето од кашкавал во вид на смајли. Или декорираните салати. Во храната се битни состојките. Не треба самод а изгледа убаво, туку треба да е и вкусно. Умешните мајстори во кујната не знаат да згрешат. Битна е мајсторијата на готвачите, без оглед дали ќе биде “мрзелива седенка” или удобна вечера да биде споменот незаборавен. Се трудам што повеќе да им угодам на гостите, оти ме води мотото дека со добра храна и добри луѓе се создаваат добри времиња. Сакам секој да го доживее тоа, без да дозволува други да раскажуваат – додава Велкоски.

Неодамна се доуреди просторот, проширувајќи се и на горниот кат. Со сите промени и внесување новитети, било во амбиентот, било во менито, Велкоски не ги изненадува луѓето кои веќе прашуваат што е следно.

Loading