ВИДЕЛИНА ЗА „СВЕТИЦАТА И РАЗБИРАЧОТ“

Утревечер во библиотеката

Првиот роман на писателот Петар Петрески „Светицата и разбирачот“ ќе биде промовиран утревечер од 19 часот во библиотеката. За изданието на ИК „Слово“ ќе зборува  писателот Ермис Лафазановски. 

Романот третира современи и вонвремени теми. Од една страна, авторот се обидува да се занимава со паднатите морални вредности, онакви какви што ги знаевме до пред некое препознатливо време и инаугурацијата на нов морален кодекс, кој на првото место од вредносната скала го става, до исклучивост, материјалното и блескавото, и како средство и како цел. Од друга страна,  излезот од денешниот егзистенцијален лавиринт го гледа преку апсолутот на љубовта, вербата во перманентната присутност во структурата на човековото битие, дури до наивност.

Петрески е познат по драмите „Трета мајка“ и „Песијазол“, своевремено поставени на сцената од нашиот театар и по збирката раскази „Чудесниот број три“.

Loading