ПАК „ХАМЛЕТ ОД ДОЛНА МРДУША, ОПШТИНА БЛАТУША“ НА СЦЕНА

Novo viduvanje na star tekst na Kiril PetreskiНовата претстава што ја поставува ансамблот на театарот е „Хамлет од Долна Мрдуша, општина Блатуша“ од Иво Брешан во режија на Кирил Петрески. Премиерата се очекува при крајот на март.

Во полн ек се подготовките на текстот пишуван во 1965 година кој е гротескна трагедија, како што жанровски ја определува авторот, травестија на познатата комедија од Шекспир „Хамлет“. Се говори за судир меѓу идеализмот и локалниот примитивизам. Судир меѓу неможноста од индивидуално делување и расипаноста и подлоста на селскиот колектив.

Ќе играат Марјан Чакмакоски, Андон Јованоски, Марија С. Илијеска, Наташа Наумоска, Александар Тодески, Зоран Иваноски, Илија Волчески, Михајло Миленкоски…

Ова е еден од најдобрите драмски текстови на т.н. “политички театар”. Поставуван е на многу сцени, па и двапати на прилепската. Еднаш во 1973 г. и во 1986 година во режија на Благоја Дамески.

Инаку, во театарот утревечер (сабота) од 19.30 часот може да се проследи  „Премиера во …“ во режија на Коле Ангеловски.

Loading