ДЕЛА ОД КИЧЕВСКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА

Во ликовниот салон

Изложба на творби од 19 автори, учесници од меѓународната кичевска ликовна колонија ќе биде отворена вечерва од 19 часот во ликовниот салон  од ЦК „Марко Цепенков“. Ќе можат да се видат дела на уметници од Казахстан, Малезија, Албанија, Кипар…

Меѓу нив се и делата на македонските автори Жарко Јакимовски, Васко Ташковски, Слободна Милошески…

– Различни светови и индивидуални пристапи при утврдувањето на своите ликовни обрасци. Творците преку изборот на својот “личен говор”, се обидуваат да воспостават врска меѓу духот и сопственото време. Времето што застанало на нивните платна и скулптури не е само време на уметникот, туку и наше време – забележува Жарко Јакимовски.

Loading