ФИЛМ БЕЗ ПАРИ

Премиера на филмот „Обожение“ од Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов

Diplomski flim Obozenie„Обожение“ е играниот филм кој вечерва и утревечер премиерно ќе се прикажува во киното Мис Стон од 19 часот. Филмот е дипломски проект на двајцата режисери Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА – Скопје. Работен е во форма на триптих. Во 75 минути се следи приказната на ликовите, кои борејќи се за егзистенција, ја оживуваат изгубената духовност во нив и луѓето околу нив.

Идејата се родила при престој во еден манастир кај Битола. Амбициозниот проект е создаден без никаков буџет. Реализацијата била подвиг за авторите и за целата екипа актери од битолскиот и прилепскиот театар.

Претходно проекции имаше во Битола, а на 19 и 20 февруари и во Кинотеката на Македонија.    

Loading