ЕДНАШ Е ТРИК, ВТОРПАТ Е ЛЕКЦИЈА

Jankoski e vest iluzionista so spil kartiПетнаесетгодишниот Петар Јанкоски сака да си игра со магијата и да го привлекува вниманието од другите. Сака да биде магионичар ученикот од СОУ “Ристе Ристески Ричко”. Вешт е во изведување на трикови, оставајќи впечаток дека поседува натприродна моќ. Три години е во светот на магијата и одличен е со картите и со ситните парички, со пенкала, шамивчиња, па дури и со телефон.

– Омилен трик ми е кога спектарот одбира карта, ја зема и покажува на сите и ја памти. Шпилот го мешам и само со удар отскокнува избраната карта од купот. А со монетите знам да изведам телепортација, односно паричката од едната рака со трик да се најде во другата – кажува младиот илузионист.

Желбата да биде магионичар се “родила” во игротека каде се сретнал со илузионист и го воодушевиле триковите со карти. Пробал да го копира. Се надградувал со други финти кои ги видел на интернет.

Со секојдневната преокупација каде и да одел успевал да ги анимира присутните. Во маалото изведувал улична магија и “намамувал” љубопитници. Умештвата ги докажувал и на Мали таленти, каде лани го освои третото место. Настапувал и во детската емисија Рингишпил. Постојано ги носи картите со себе. Сака да се докаже како магионичар кој воодушевува. Со триковите со шпил карти “насамарил” повеќе луѓе низ чаршијата. На бокс спектаклот, познатиот трик со картите му го покажал и на францускиот боксер Орландо Вит.

Магијата не е само за еден човек. Илузионистот не може сам за себе да опстои.

– Ми треба помош од публика. Ако ја нема, бадијала ми се вештините. Сакаат да се забавуваат, но многупати се нервираат кога не можат да сфатат како го правам трикот, да ми ја откријат моќта. Мајка ми најмногу се противеше, оти ми требале специјални карти. Не е до картите, туку до оној кој го изведува трикот. Се раководам по правилото дека еднаш е трик, двапати е лекција – кажува магионичарот.

Сонува да има свое шоу пред преполна сала.        

Loading