СКАЈП ЧАС СО СРБИ

СОУ „Орде Чопела“         

Predavanja preku internetСледејќи ги современите информатички текови, во СОУ „Орде Чопела“ се одржуваа часови преку скајп со училишта од Србија и Турција во рамките на меѓународниот еТњиннинг проект. Професорката Каролина Дамјаноска аплицирала за два проекти, едниот Ајде да учиме за знаењето, а другиот Светлинско и звучно загадување. Станува збор за учење на база на истражување за одредена тема при кое се мешаат физика, биологија, хемија, информатика, математика… Секој учесник ги презентира резултатите преку видео, односно скајп конференција. Услов за “интернет соработката” е познавање на англиски јазик и компјутерски вештини.

Неодамна учениците од техничкото училиште од Прокупље, Србија им одржаа скајп час за рециклирањето и биопластиката на учениците од И-2 од СОУ „Орде Чопела”, претставувајќи каков ефект има учењето преку истражување. Со српските “предавачи” имало интересна дискусија и размена на искуства. Се разговарало и за средината во која живеат, со што се постигнал истражувачки ефект. Нашите научиле дека пластиката во мала фабрика за отпад во Србија се дели по боја пред рециклирање.

Razmena na materijali preku internet za olesnato ucenje2– Ги прошируваме контактите. Од друга страна, не само што се споредуваат истражувањата, разменуваме материјали за олеснување на учењето. Нашата професија е постојано да се следат трендовите и да ги надоградуваме знаењата – кажува Дамјаноска.

Досега предавачи биле од Прокупље и од Ниш. Наскоро и нашите ќе бидат домаќини на видео состанок, на кој придвидено е да се приклучат и ученици и наставници од Турција. Овој и наредниов месец се подготвуваат, спроведувајќи одредени мерења за светлинското загадување преку набљудување на соѕвездието Орион. Темата е од астрономијата, за која Дамјаноска е експерт, и е поврзана со физиката и биологијата, а допирни точки има и со историјата, оти учениците учат за различни соѕвездија.

Во меѓувреме се одржува комуникацијата со Србите и Турците, гледајќи се “во живо” на интернет. 

Loading