ОД ТУР – ОПЕРАТОРИ ДО ИСТОРИЧАРИ И ШОПИНГ ЕКСПЕРТИ

Туристичка агенција Брацо         

Poaktivno pokrivanje na avionskite aranzmani - ortacite   Jordanocki i VelkoskiПредводени од желбата да шетаат, но и други да предизвикаат да ги откриваат убавините на светот, веќе 21 година успешно со бројни задоволни клиенти функционираат Кирил Јорданоски и Зоран Велкоски со туристичката агенција Брацо. На врската во роднинските води се родил ортачкиот бизнис. Искуството го направило своето. Не само по лиценца, туку се тур – оператори, организирајќи комплетни патувања. Сé што изгледа недостапно и далечно, партнерите го прават дофатливо и блиско. Со нивна помош, сонот станува јаве, донесувајќи го “неможното” со разни поволности. Затоа можат да се пофалат со мноштво патувања од ученички екскурзии до пакет аранжмани низ земјава и надвор, по Балканот, околу Европа, дури и до Израел. Во Грција веќе имаат долгогодишни закупи на апартмани и студија. Успеале да бидат во тренд благодарение на способноста за брзо прилагодување на динамичниот свет и раководејќи се според пазарната економија. Ги усогласуваат аранжманите со барањата на муштериите за да им ги исполнат фантазиите. Ветер в грб во усовршувањето на вештините им е присуството на саемите за туризам во Русија, Холандија, Србија, Грција.

– Светот е голем и интересен, а луѓето по природа се љубопитни. Во генот им е да се движат и да патуваат. Идејата беше отворање на нови хоризонти. Така пазарот бараше нови услуги. А во тоа време беше ново да функционира туристичка агенција. Клучот на успехот во две децениското постоење е во прилагодувањето – кажува Јорданоски.

За 590 денари секоја сабота организираат шопинг тури во Солун. Посетуваат и саеми, не само со обезбеден превоз, туку и со влезници. Неодамна водеа група на саемот за земјоделие во Солун. Се спремаат за на саемот за градежништво, со прошетка околу Св. Димитрија, Римскиот форум, Ротондата на Галерие, Хиподромот и шопинг во Космо за само 900 денари. Нудат специјални, поклонички тури за православните верници, овозможувајќи им посета на светите места, како Витлеем, Назарет, Галилеја, Ерусалим. За летово новина е 14 дневниот аранжман со авион до Русија, односно околу Москва, Санкт Петербург… За денот на вљубените резервирале програми за Банско во хотелот Муринти и за Лутраки, во комбинација со Солун. Не остануваат покусо ниту за денот на жената. Нудат евтини еднодневни и повеќедневни тури. За 590 денари се патува за Лесновскиот манастир, а некој денар повеќе, за 899 денари, е Острог и манастирот посветен на Св. Василиј Острошки. Не е поскап или за 2490 денари се аранжманите со три ноќевања за Будва или за Дубровник. Располагаат со сопствени автобуси, минибуси, кои ги задоволуваат критериумите за патувања низ Европа. За професионалниот пристап во организацијата на турите сведочи задолжителната придружба на претставник од агенцијата.

– Максимално сме посветени на клиентите. Фокус е услугата и пристапот, а цената не е приоритет. Задоволните муштерии даваа сила за нови ангажмани и аранжмани. Водилка е клиентите да добијат повеќе од платеното. Затоа е нужно поинакво видување на патувањата. За да ги анимираме, често добиваме разни улоги. Сме и туристи, и историчари, и шопинг експерти. Некогаш се ставаме и во улога на психолози. Неколкупати бевме на Родос, кое е атрактивно место. Мора лично да се запознае за да го направиш уште попривлечно и поразлично доживување за другите. Често се патува за Истанбул, каде покрај традиционалните и места, ги посетуваме и Принцовите острови, Девојачката кула. Пакет аранжманите значат различни услуги. Не е само  во изборот на дестинацијата, туку мора да се погрижиш и за превоз, храна…, услугата да биде тк-м-тк. И на еднодневна тура, клиентите ги придружува професионален водич, кој ги запознава со атрактивното од кое се останува без здив. Објаснува и за поволни шопинг центри, поевтино или поскапо пазарање. Еднакво се барани и евтините и скапите патувања, како она за Ерусалим – кажува Велкоски.

Туристичката агенција повеќе од седум години е посветена на инкаминг туризмот. Французи, Норвежани, Полјаци, Руси се наши чести гости. Биле иницијатори и тригодишни организатори на Крали Марко триал.

– Најатрактивно и најинтересно е водењето на странски туристи низ нашата држава. Во фокусот се туристи од богати земји. Преку скопскиот факултет за храна имавме гости од Брисел, Белгија. Оперираме каде сместувањата се евтини и прифатливи. Поврзано е со ученичките екскурзии, но со поголем предизвик за странците – додава Јорданоски.

Сé повеќе се ангажирани околу патувањата со авио превоз. Најавуваат и авионски аранжмани, кои станаа достапни со цените. На Брацо останува да го менаџира “недостижното”. Животот нема лимит, има само биолошко траење.

Loading