ВОЗБУДА СО СОЛЗИ РАДОСНИЦИ

Покрив за 76 социјалци

–  Државен стан со кирија од 650 денари

– Грижа за ранливите категории со обезбедување достоинствени услови за живот

Pokrivc za cetiri deca - Natasa CikuroskaСвој покрив над главата и топол дом за хармоничен семеен живот првпат добија 76 социјално загрозени семејства. Пред стотина кандидати кои поднесле документи и во присуство на министерот за транспорт и врски Владимир Мисајловски и директорот на АД за изградба и стопансување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, транспарентно, на електронско распределување, беше извршен прелиминарниот избор. Откако Комисијата ќе провери уште еднаш, на граѓаните од ранливите категориии кои се на списокот, ќе им се доделат клучевите од становите во новата зграда во Точила.

Самохраната мајка на четири деца, Наташа Цикуроска, на возраст од 34 години, возбудена, со солзи – радосници, не можеше да поверува дека државата í обезбедила стан што е роденденски подарок за нејзината најстара, 12 годишна ќерка.

– Парите во висина од 11 илјади денари, што ги добивам од државата за четврто дете, сите ќе ги насочам за моите чеда. Многу ќе ми биде полесно, зашто голем дел од примањата ми одеа за висока кирија – вели Цикуроска.

Ppregratki od sreka - Neskoska so rodninataВо прегратка на својата роднина и на очите не им веруваше кога се виде на списокот инвалидот и самохрана мајка Марина Нешкоска.

– Пресреќна сум. Немам зборови, оти сум многу возбудена – рече Нешкоска.

Децата без родители постари од 18 години имаа предност, потоа корисници на постојана социјална помош, погодени граѓани од елементарни непогоди, Роми, инвалиди, самохрани родители и слепи.

– Со мерките на Владата претендираме на ранливите групи граѓани да им обезбедиме достоинствени услови за живот. Кандидати беа 173 лица со комплетна документи. Листата е прелиминарна и не е конечна. Посебна комисија ќе направи детална контрола на лицата од прелиминарниот список. Ако се утврдат дека фактичката состојба не одговара на приложените документи, становите ќе ги добиваат следните на листата. Сите кои не беа избрани, ќе можат да ги видат документите и да стават забелешки, ако имаат аргументи – рече Мисајловски.

Turkanica za spisokot na izbraniteНовите станари ќе плаќаат закупнина од 15 денари од метар квадратен.

– За 45 метри квадратни стан ќе се плаќа околу 650 денари кирија и ќе водиме грижа за објектот – рече Грозданов.

Градоначалникот Марјан Ристески е среќен што на 76 социјално загрозени семејства им се обезбедува покрив над главата.

32 милиони евра за Прилеп – Градско

– Потпишан е договорот со шпанската компанија за изведување на првата етапа од новиот експресен пат со по две ленти од едната и од другата насока на патот Прилеп – Градско, на потегот од Дреново до Фариш во должина од десет километри. Со подобрување на времето, треба да ги почнат работите, а да се завршат за две години. Потоа ќе оди вториот дел и третата фаза – изјави Мисајловски.   

Loading