ПОРТАРАТ И ИНТЕЛЕКТУАЛЦИТЕ

Која професија најмногу, а која најмалку ја почитува приватноста?

Приватноста го погодува секој во сите сфери на животот. Од најсекодневно фотокопирање на личната карта, до објавување лични податоци на социјалните мрежи, (зло)употреба на електронската пошта, откривање на здравствените податоци, во банкарството, телекомуникациите, поставување видео надзор. Кога на ваков или таков начин, макар и “најневино” се посега, неретко произлегуваат последици од “прекажување” на личниот живот, до директна злоупотреба на приватноста. “Жртва” може да биде секој граѓанин, било да е невработен, корисник на услуга на некоја компанија, неуморник на социјалните мрежи и секој друг кој ќе “забоде уши” кај љубопитникот што сака да научи нешто повеќе. Прашањето е „Дали ние сме постојано под будното око на јавноста?“. Дали нашиот живот и личните податоци, од матичниот, телефонскиот број, до пинот на електронската банкарска картичка, лозинката на фејсбукот, банкарската сметка или “болеста која нé мачи”, односно нашата посета на доктор стигнала до ушите на пошироката јавноста и ете, разбрал цел град. И медиумите ги мачи прашањето за приватноста. Затоа треба да се запрашаме дали и ние “допираме” во ова законско право.

Почнувајќи од нашите јунаци, анкетираните граѓани, ги кажуваат имињата и презимиња и ги фотографираме. Можеби затоа некои одбиваат јавно да го откријат идентитетот.

Се обидовме да дознаеме од прилепчани која професија најмногу ја почитува приватноста, а која најмалку? Во која институција имаат најмногу доверба кога соопштуваат лични податоци?

1. VeraВера: На шалтерите во банките, нормално тивко се зборува и се почитува приватноста. И лекарот мора да почитува. Таксистите со разни карактери и расположенија муабетат, па раскажуваат цел ден и сé и сешто за секој еден патник, каде го возел, со кого патувал, што разбрал од него и за него… При пазарењето во маркетите, пинот сама си го отчукувам. Ми го подаваат апаратот и ја почитуваат приватноста.

 

 

 

 

 

 

2. Jovan GagaleskiЈован Гагалески: Никој не ги почитува личните податоци, што инаку е строго доверливо и одредено со закон. Сите банки бараат лична карта за обично подигање или внесување на пари. Или пријавување на податоци со матичен број на должници. Апсолутно не смее да се прави тоа. Сметам дека сите институции ја злоупотребуваат приватноста. Инаку, сум лекар и водам максимална грижа да се заштитат податоците во картоните или во електронските дневници. Некаде можеби се прават пропусти, макар што на глас не смее да се каже ниту матичен број, па не дијагноза, а што често се случува. Не е само градот во прашање, туку односот на луѓето. Уште мислиме како пред многу години. Забораваме дека има нови прописи кои треба да се почитуваат. 

 

 

 

3. Dimitar VelkoskiДимитар Велкоски: В банка ми ја кажуваат пензијата и прашувам уште колку пари ми остануваат на сметка. И колку и да е тивко, пак се слуша. Ги почитувам сите прописи колку што можам. Се придржувам до дискрецијата според правилото стоење зад жолтата линија кога некој е пред мене на шалтерот. Недоразбирање засега немало. Задоволен сум од банката и не сум нашол забелешка во заштитата на приватноста. Има агенција за зачувување на личните податоци и секоја професија има кодекс на однесување. Сум немал непријатно искуство, никој не ми ги провалил личните податоци.

 

 

 

 

4. Goce PetreskiГоце Петрески: Многу не се занимавам ниту со лекари, ниту со банки. Приватноста е моја работа. Можеби затоа на некој начин немам доверба во институциите. Пред сé, самиот треба да се заштитиш, па потоа и останатите околу. Кога тоа го нема, не се почитуваат ниту етичките кодекси на однесување, се губи и вербата. Тешко некако оди грижата за заштитата на приватноста и личните податоци.

 

 

 

 

 

 

 

5. Vesna HristoskaВесна Христоска: Фала Богу сум немала непријатно искуство кога приватноста е во прашање. Ниту на лекар не ми се случило некој да ме прекажува, поради која причина сум појдена. Овие денови одев по болници и никој не ја злоупотреби мојата ситуација. Затоа имам најмногу доверба во здравството. 

 

 

 

 

 

 

 

6. Erxan IsmailoskiЕрџан Исмаилоски: Нема потреба да знам за туѓиот живот. Не ни прашувам. Доколку проба некој да ми кажува нешто за друг, на пример таксист, го стопирам. Не ме интересира, не сакам да се мешам во туѓата приватност.

 

 

 

 

 

 

 

 

7. TamaraТамара: Приватноста на социјалните мрежи, особено на фејсбук, е и така-така, но сами сме виновни. Многумина се интересираат за другите животи и зборуваат невистини. А секој има право на приватност. Често се возам со такси и сум слушала како таксистите се жалат од одредени патници кои им направиле конфликт.

 

 

 

 

 

 

8. Hristo StevceskiХристо Стевчески: Таксистите се најголемите попови, оти патниците најмногу им се исповедуваат за проблемите во животот. Тие чуваат тајни за многумина, но често ги прекажуваат. Знаат кој има швалерка, кој заминал пијан дома. Интересно им е низ муабет да наведат на нечии доживувања и да ги прекажуваат. Не ми се верува. На сиот глас се кажува пинот од картичката. Така сите ќе го знаат и постои опасност да се случат несакани последици. Доверба имам повеќе во банките и нешто во докторите. За жал, има случаи цел град да разбере ако си бил на болница за нешто посериозно. Не дај Боже да појдиш на психолог. Цел град ќе те направи будала, дека нешто ти фали. Особено во болницата, личните податоци мора да останат тајност. Пациентот си ја знае дијагнозата, а прекажувањето не е добро.  

 

9. Natalija IvanovaНаталија Иванова: По маркетите  горе-долу се почитуваат личните податоци, како пинот на кредитната картичка. Пак зависи од продавач до продавач. Таксистите се на мета за приватноста, оти често прекажуваат лични работи. Не е во ред. Не ме интерсира кој каде го носи, оти тоа е негова дискретна служба.

 

 

 

 

 

 

10. Dimce NaumoskiДимче Наумоски: Докторите треба да ја чуваат приватност. Таа е институција за луѓе од секакви возрасти. Има разни лекари и што ќе биде ако приватноста не ја чуваат. На пример, гинеколог, особено треба да ја почитува. Сé можам да толерирам, но не и “чепкањето” во приватноста. И во банкарскиот систем нужен е респект на приватноста. Во минатото, мој пријател имаше горчливо искуство со доктори. Таму треба исклучива заштита на приватноста. Не ни смее да помисли да кажува што било со пациентот пред мене. Не може да се расчуе низ цел град ако некој бил на психијатар или на гинеколог.

 

 

 

 

11. Verica KamceskaВерица Камческа: Задоволна сум од невропсихијатрите. Лекарите од другите градови ја предаваат дијагнозата еден на друг колега. Каде е приватноста? Загрижени сме за реакцијата на средината. Што ќе речат луѓето, ако е потребно лекување во Демир Хисар. Многумина мислат дека таму одат само будали, а не дека можно е со хипофиза на глава, тумор. Нашите доктори, особено од интерно и од невропсихијатрија, се за наградување. 

Loading