ИНФО ЗА МЛАДИ ЗА СВОЈ ДОМ

Младите до 35 години кои сакаат да се стекнат со свој дом со проектот “Купи куќа за млади”, може да се информираат во канцеларијата во подрачната единица на Управата за имотно-правни работи во Прилеп.

Стручни лица ги објаснуваат условите и поволностите.

– Во првиот модул, во првите осум години Владата субвенционира 80 насто од ратата, а во деветта, 10-та и во 11-та година субвенционира 50 насто од ратата. Во вториот модул, Владата го плаќа учеството 100 насто – вели Мартина Китаноска од Управата за имотно-правни работи.

Канцелариите се отворени секој понеделник и вторник.

Прилепчани на возраст до 35 години се информираат за можностите да стигнат до своја куќа.

Loading