СМЕЛ ФРИЗЕР И ШМИНКЕР

Студио Планет

Obostraniot kef e motiv za pogolem trud i angazman -   MirceskiДеветнаесет годишниот Славчо Мирчески, такаречи само што излезе од средношколските клупи, и се впушти во бизнис водите со фризерско – козметичкото студио Планет. На смелиот Мирчески, ветер в грб за градењето кариера му било школувањето, а и честото посетување на курсеви, како оној во битолското студио Кармен. Во усовршувањето на вештината отишол чекор подалеку со учеството на академии во Белград, Србија и во Бугарија.

– Ова е креативност. Почнав уште на 14 години. Ги стрижев првин домашните. Кога станав посигурен, фризерскиот занает го практикував и на баби, вујни, стрини, тетки. Ме привлекуваа брзите движења со рацете за креирање еден вид уметност. Волјата се засилуваше како што ги надоградував умешностите. Родителите ме поддржаа и храбреа, дури и ме “тераа” повеќе да напредувам – кажува младиот фризер.

{AG}387/2{/AG}

Во новоотворениот салон за убавина, на клиентите им овозможува промена на фризурата, со што се менува физиономијата и се внесува новина во животот. Врши комплетни фризерски услуги од потстрижување мажи и жени, до обликување на косата за разни поводи и свечености, како и фарбање, нијансирање… Во понудата за разубавување на женскиот пол, нуди и професионална шминка. Знае да ги изненади клиентите со гратис миење или фенирање. Со амбиција муштериите да изгледаат фасцинантно и да бидат забележани со “подновената фризура”, одбира соодветен третман, враќајќи го сјајот и давајќи душа и живост по должината на оштетените прамени. Не само со фарбање, создава едноставен и совршен имиџ за да се измами свртување на секој поглед. Веќе стекнал и доверба и не ретко клиентите го препуштаат третманот не само во негови раце, туку и на неговата фантазија, правејќи “од ништо, нешто”. На лицето, односно на главата í дава естетитка и препознатлив стил. Дури создава и автентична копија на фризурите на познатите фаци. Постојано следи трендови, а за професионалноста “сведочи” и неговата секогаш стилски средена коса.

– Задоволни се клиентите. Ме исполнува што се враќаат. Вештините ги ставам во корист на разубавување на муштеријата, како новата фризура би изгледала што подобро и на обострано задоволство. Битно е промената да биде допадлива. Секојдневно сум во потрага по идеи, што произлегува од потребата да се биде во тренд. Обостраниот ќеф е мотив за поголем ангажман – додава Мирчески.

Квалитетот му е императив. А цената е прифатлива за секој џеб. Постојано нуди и попусти за празници и свечености. Примамлива е и локацијата в центар. Муштериите додека го пијат чаршиското кафе, можат да свратат и на фризер, кој ќе ги среди тип-топ и да бидат “шема”.

– Внимавам услугите да бидат што попривлечни и подостапни. Затоа, не е само салон за убавина, туку и место каде муштеријата доаѓа да оддели време за себе, да се чувствува прекрасно и негувано и е засолниште од секојдневниот стрес, место за одмор од обврските, оаза во која најбитни се желбите на клиентите – додава Мирчески.

Амбициозниот Мирчески е срдечен и полека достигнува, дел по дел, од патеката на успехот. Уште отсега пламти желбата за поширокот студио каде на други стилисти ќе им овозможи вработување. 

Loading