ЗАНАЕТ ВО РОМАНИЈА

СОУ „Ѓорче Петров“

Nosecka - Em praksa em ekskurzijaТочно 20 ученици и две професорки од СОУ „Ѓорче Петров“ по едномесечната пракса во Сату Маре, Романија, се вратија со грст спомени и подобрени вештини за текстилната струка. Стекнатите знаења ќе ги негуваат и пренесуваат на соучениците и колегите. Всушност, тие беа дел од проектот “Низ пракса, до подобри вештини”. Учениците биле воодушевени од едукативно-рекреативниот стил на работа со нотки на забава. Сите се радуваа на љубезноста и домаќинлукот на Романците, со кои преку презентации во присуство на директори и професори, го претставиле градот, државата, но и начинот на настава.

{AG}384/medicinsko{/AG}

Со практичното усовршување одблиску се запознаа со процесот на подготовка, кроењето, шиењето, сé до добивање на краен производ, при посетата на две фабрики за женска конфекција. Покрај “учењето занает”, дел од престојот го минувале во кино, театар, аквапарк, со прошетки и разгледување на градот. Најмногу íм годела посетата на тамошниот Креативен центар, каде ја покажале фантазијата со правење кукли, накит, украси… Викендите ги резервирале за факултативни екскурзии.

Прилепското училиште и натаму ќе претендира и конкурира за учество во проекти за збогатување на младешкиот дух, со кои ги зголемуваат и подобруваат знаењата и практичните вештини.

Loading