НАСМЕВКИ ЗА МАЛИ И ГОЛЕМИ

NOSECKAРадост, детска смеа, ракоплескање, полно музика… Е таква беше предновогодишната атмосфера во ОУ “Климент Охридски”. Кај децата од посебните паралелки беа гимназијалците. Ги придружуваа и директорот Кире Николоски, неколку професори, а неизбежен беше и старецот со бела брада, натокмен во црвено. Не е првпат, туку по четвртпат ги развеселуваат децата со пригодна програма. Де со рецитации, де со музички песни, а и гимназискиот Дедо Мраз и годинава беше великодушен, подарувајќи íм колетчиња.

{AG}384/nasmevki{/AG}

– Задоволство е да се виде радоста и среќата на детските лица – вели професорката  Кети Ефремоска. 

Во новогодишната атмосфера зрачеше позитивна енергија. Ни највозрасните не можеа да ја сокријат ведрината.

– И Дедо Мраз донесе насмевки кај нашите деца. Радоста е присутна кај сите, и кај големите и кај малите – додаде дефектологот Жаклина Ѓорѓиоска Ванески.

Манифестацијата ја помогнаа Комфи ангел, Витаминка и ТА Бран.  

Loading