ГРАНТ ОД 7 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ГРАДЕЊЕ МОСТОВИ

СОУ „Орде Чопела“

NOSECKA Gradime mostovi za sozivot - prilepcani so    gostivarcaniСОУ „Орде Чопела“ гради мостови со партнерот СОУ „Гостивар“ за зголемување на интеракцијата, разбирањето и интеграцијата во училишната средина. Станува збор за проектот “Building Bridges”, изготвен од професорката Анита Бунеска и педагогот Тереза Златеска Трајковска за кој добија грант од седум илјади евра од МОН, Швајцарската амбасада и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Гостиварчаните беа гости во СОУ “Орде Чопела”. Директорите Анита Ѓорѓиоска и Џези Камбери потпишаа меморандум за соработката. На првата средба, учениците и наставниците од двете училишта со мешани етникуми, во мултикултурни работилници се запознаваа меѓусебно. Се “фатија” за работа на заедничка изложба и пеење, а машките дури одиграа и натпревар во одбојка со екипи од мешани етникуми Македонци, Албанци, Турци и Роми.       

{AG}384/hemisko{/AG}

– Застапени се ученици од сите години, од двата пола и од различна националност. Предвизик и големо искуство е што нашиот партнер, покрај на македонски, има настава и на турски и албански – објаснува Бунеска.

Предвидени се и фотографски активности, обука за ненасилна комуникација, подготовка на драмска претстава, балет и музички точки.  Покрај авторите на проектот, помагаат и другите професори.

– Соработката со СОУ “Орде Чопела” меѓу учениците и колегите е можност да се запознаваме и да разменуваме искуства – не го криеше задоволството Камбери.

Неколку месечната соработка ќе кулминира со завршна  презентација во театарот, со учество на учениците од двете училишта и надеж за продлабочување на односите и зацврстување на пријателските релации.

– Напредува меѓуетничка интеграција и соживот  и тоа со големи чекори. Тоа позитивно ќе влијае на сите, оти ќе откриеме доста новитетети – додаде Ѓорѓиоска.

Проектот се совпадна со традиционалниот хуманитарен новогодишен пазар, на кој гостите имаа прилика да видат изработки од учениците од хортикултура, од прехрамбената насока, како и од нутриционистите, ветеринарите, агроменаџерите, фармерите и од другите насоки. Собраните средства од пазарот ќе се насочат во Црвениот крст.

Едуцирана младина во борба против СИДАТА

Горан Кузески, лекар од Центарот за јавно здравје имаше едукативно предавање за ризиците и заштитата од ХИВ и СИДА.. Учениците му дадоа поинаква боја на настанот, збогатувајќи го со балетски перформанс и текст од ученичката Стефани Петреска. Испратија порака дека младите треба да имаат самоконтрола на грижата за здравјето. За постигнување на здрава и едуцирана младина, лекарот изнесе информациите за чумата на 21 век, во насока на симнување на стигмата и разбирање на инфицираните лица. Докторот соопшти дека во Центарот постои советувалиште за ХИВ/СИДА, укажувајќи на можноста од бесплатно и анонимно тестирање и стручна помош.

Loading