СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“
Во холот на СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, учениците ја китеа новогодишната елка со рачно изработени украси кои ги добија како подароци од 12 различни училишта од Европа како дел од проектот “Божикна размена”.
– Добивме подароци од Романија, Полска, Естонија, Грузија и од други земји, на кои им испративме дарови. Со размената ги откриваме нивните култури, традиции, за прославувањето на Нова година и Божик – вели ученичката Христина Нунеска.
Среќата и ентузијазмот за учеството во мултикултурниот проект беа големи, и за професорката по англиски Елизабета Николоска и за волонтерот Сузан Шел која ја пренесе американската традиција за прославување на Божик.
{AG}384/ekonomsko{/AG}
– Сите, и децата и големите, сме полни со ентузијазам, поради можноста да научиме повеќе како другите од Европа го слават Божик. Подароците најчесто се новогодишни украси со кои ја китиме училишната елка – додава Николоска.
Претходно, англиската секција, во духот на американскиот Божик, уживаа во правењето и дегустирањето традиционални колачи од леб и ѓумбир во форма на куќарки. Се забавуваа, гледајќи го класичниот цртан филм задолжителен за празикот во Америка, “Како Гринч го украде Божиќ”, потсетувајќи се дека Христовото раѓање, без разлика дали е католичко или православно, е посветено на најблиските и оние што ги сакаме.
Одбележувањето на католичкиот Божик се совпадна со традиционалниот новогодишен пазар, на кој членовите од ладинската организација создадоа рачни декорации, празнични украси, “дотерани” балони, како и интересни колачи со Дедо Мраз. Собраните средства од продажабата на изработките ги наменија за потребите на младинската.
![]()

