ОСВЕЖУВАЧИ НА АМБИЕНТОТ

Завеси Ана

Iskustvoto temel za biznis - partnerkite Kromidoska i DimeskaВеќе две години, искуството и креативноста, Васка Кромидоска и Анета Димеска, го преточуваат во заеднички бизнис. Најнапред како колешки, а сега и како косопственички, успеале претходното знаење околу текстилните материјали, а пред сé околу ткаенините кои се користат како пердиња, да го искористат и вградат во приватната фирма за која почувствувале дека има иднина, бидејќи конкуренцијата на пазарот била мала.

Во “Завеси Ана” потрошувачите можат да најдат богат избор на пердиња, драпери, чаршафи и друго, кои се изработуваат по мерка и желба на купувачот. Го следат трендот и побарувачката и нудат, дури и корнези за обесување на декоративните материјали кои се украс на прозорските стакла. 

IMG 0080

Речиси децениското познанство било добра основа да ја продолжат довербата врз бизнис основа. Така и го стартувале заедничкиот бизнис во кој влегле како партнерки.

– Работевме со пердиња заедно, се знаеме 9 години, колешки и најдобри пријателки сме, а сега и ортаци. Тоа најмногу знаевме да го работиме и со љубов да го правиме. Затоа се решивме да започнеме да работиме – објаснува Анета Димеска, една од сопственичките.

Располагаат со голем избор пердиња од ткаенини со различен суровински состав, дезени и бои. Не само што имаат за сечиј вкус, туку и за сечиј џеб. Од најефтини до ексклузивни.

IMG 0089

– Имаме нова “колекција” пердиња. Располагаме и со поексклузивна стока, пердиња и драпери, малку со повисоки цени, но затоа пак артиклите се многу поквалитетни, гламурозни, декоративни, просто речено нешто невидено досега во градов – вели Васка Кромидоска, другата сопственичка.

Водилка при изборот на понудата им е женскиот инстинкт кој го носат во себе, првенствено ним да íм се допадне, но и да го погодат вкусот на муштериите. Внимаваат и на стандардот на прилепчани. Üм помогагаат и при изборот.

– Готовиот производ не се гледа веднаш. Мора да му се објасни на муштеријата како би изгледало пердето закачено на прозорецот, оти тој гледа само метража, топ материјал. Друго е кога ќе се вклопи со тепихот и мебелот, може да се како ќе изгледа крајниот ефект. Затоа треба да íм објаснуваме и да соработуваме да го доловиме амбиентот. Се случува, по неколку дена купувачите да дојдат и кажат дека преубаво íм се совпаднале пердињата и му даваат нов сјај и дополнителна убавина на домашната атмосфера – вели Васка Кромидоска.

IMG 0102

Со цел декорација на прозорци да биде комплетна, ја збогатиле понудата.

– Располагаме и со корнези. По Нова година ќе ги нудиме и таканаречените “ден-ноќ” или роло пердиња. Ги следиме трендовите –  велат сопственичките на “Ана завеси”.

Го тераат ем бизнисот, ем административните работи. Напорно íм е, но со задоволство работат. Срдечни се, љубезни со муштериите, ведри и секогаш расположени за муабет.

Вршат порачки и на пердиња од фирмата “Аџо текстил” од азискиот дел на Истанбул и стасуваат за кратко време.

IMG 0104

Пердињата од “Ана завеси” се украс на многу домови и во соседните градови Македонски брод, Кичево, Битола, Кавадарци, дури и во Скопје. Внесуваат топлина, живост и го разубавуваат ентериерот.

Се надминува практиката нови пердиња да се купуваат само за себап во куќата, кога има свадби, матурски, за слави… Се почесто се врши сезонско освежување на амбиентот со различни дезени и бои кои ја убиваат монотонијата во домашната атмосфера. 

IMG 0109

Loading