ЗНАЕЊЕ Е ОРУЖЈЕ ЗА ИЗВОЈУВАЊЕ ПОБЕДИ

55 години Економски факултет

Ekonomskiot fakultet stolb na ekonomskata nauka vo zemjavaСо академија и доделување на диполми на дипломците и постдипломците, Економскиот факултет ја одбележа 55 годишнината. Во свечената атмосфера на аулата на факултетот пред бројни гости од академската фела од универизтетот Свети Климент Охридски од Битола и другите универзитетски центри во земјава, градоначалникот, дипломците и постдипломици во одори, деканот на фаултетот д-р Ѓорѓи Манчески рече дека институцијата зад себе оставила силен печат врз интелектуалниот и општествено-економскиот живот на градот, овој регион, Македонија и секаде каде што работат и градат свои кариери дипломирани економисти, магистри и доктори на економски науки од Прилеп.

– Како најстарата високообразовна институција во југозападниот дел на Македонија го чествуваме 55 годишното постоење. Факултетот бил, е и ќе биде претсижна институција во економската наука и во едукацијата на кадри од економијата, бизнсот, менаџментот, сметководството, ревизијата, маркетингот, информациските технологии –  рече Манчески.

Факултетот има долга историја, многу настани и многу посебни моменти за перидотот на постоењето.

– Економскиот факултет е инвестиција на македонската интелектуална авангарда, инвестиција на прилепското стопанство преку дирекни инвестиции во времето кога тој се градел. Факултетот е дело на големи одрекувања и пожртвуваност на сите кои на различни начини работеле или гравитирале во подолг период при етаблирањето Создавањето на квалитетен кадар бил и ќе биде еден од врвните императиви на оваа институција. Се создавале кадри за реалните потреби на стопанството, институциите и политичкиот живот. Факултетот бил јадро околу кој гравитирал интелектуалниот капацитет. Тој бил генератор и катализатор на сите прогресивни идеи – нагласи деканот.

На факултет дипломирале повеќе од 16000 економсити, а многу од нив магистрирале и докторирале. Üм порача на магистрите и дипломираните  економисти дека  бизнисот е немилосрден, и во него треба да се влезе со знаење како оружје со кое ќе морате да извојувате победи.

– Во изминатиот период Факултет создава кадри, способни да се носат со предизвиците на времињата што доаѓале, со предзивиците на новото време и новите технологии. На почеток на кариерата треба да се искористи стекнатото знаење. Така ќе се почуствуваат благодетите на вложениот труд.    Нема ништо подарено во кариерата. Сé треба да заслужи, самостојно да се земе, исто како дипломата. Ние ќе се гордееме со дипломците и магистрите, кои ќе стигнат на високи и престижни позиции во компаниите, високи општествени функции, или пак ќе водат сопствени или фамилијарни бизниси. Заедничко ќе е што водени од знаењата стекнати на овој факултет, знаењата кои се профилираат во изминатиот 55 годишен развој на факултетот, се дел од интелектуалниот прогрес и кариера. Знаењата и високите професионални перформанси ќе се вечен сопатник, кои секојдневно ќе помагат во справувањето со предизвиците на новото време. Но треба да се учи и да се надоградува цел живот Иднината е во учењето, знаењето и секако во неговото вградување во производите и услугите. Економскиот факултет бил и секогаш ќе остане ваш дом. Верувајте во своите знаења и не поткленувајте пред тешкотиите, бидете правични пред неправдата и пречките – порача Манчески.

Благородно е да се пренесуваат знаењата на генерациите што доаѓаат и генерациите што минуваат на патот на успехот.

Економскиот факултет, за 55 годишнината, направи пригодна изложба на фотографии од значајни настани. Потрагата по сликите овозможува прекрасна можност да се мине низ времето во кое се создал и градел овој факултет и да се почуствува моќта на минатото за создаденото до денес.

На изворот на знаење

Ректорот на универзитетот Свети Климент Охридски од Битола Д-р Сашо Коруновски за одбележувањето на 55 годишнината од најстарата образовна институција на универзитетот, рече дека економскиот факулетот е предвесник на научната мисла, генераторот на знаењето и општествениот напредок во регионот и во Македонија.

– Годишнините се мошне силни моменти за почетоците и за патот што нé чека, што треба да се изоди, пат на перспективата и разумот. Славењето, освен вообичаената аура, овојпат е надополнето со зрелост, која налага да се запрашаме за некоја естетики за она што допрва треба да се надоградува, проширува и продлабочува. Традицијата за образование во економските науки на овој регион во текот на 55 години постоење создаде способни кадри. Тоа е одлична подлога за успех и напредок во кариерата на илјадниците дипломирани студенти. Значи овде е изворот на знаењето за економските науки и доказ за научно-истражувачката работа  – рече ректорот Коруновски.

Градоначалникот Марјан Ристески ги повика стопанствениците да ги отворат вратите за младите економисти.

Loading