НАПРЕДОК ПОД СЈАЈОТ НА ЧУДОТВОРЕЦОТ СВЕТИ НИКОЛА

Една деценија Прилеп под закрила на патронот

Majtorite na sarmickiПо десеттипат ќе се слави патрониот празник Свети Никола, заштитникот на градот утре, на 19 декември. Традицијата ја продлжи Локалната самоуправа, а годинава Тутунскиот комбинат е домаќин. Сé е подготовено за сведенот, посветен на еден од најпочитуваните светци. Секој втор дом, со посна трпеза, ќе направи чест на светецот. А прилепчани ќе се соберат сите под отворено небо, со богата посна трпеза, а доброто расположение ќе го подигне со музичката програма.

– Тутунскиот комбинат како опшествена одговорна фирма се посветија максимално во организирањето на овој празник кој претставува и туристички бренд на градот. Ги поканувам сите прилепчани да присуствуваат и заедно да го одбележиме празникот, најнапред во црквата Свето Благовештение, а потоа со музика и богата светиниколска трепеза. Откако се постави за заштитник, градот тргна напред. Тоа му го посакувам и на Тутунскиот комбинат, пред сé, здравје среќа, успех на сите вработени. Јубилејната организација на светиниколската прослава се совпадна со влезот на големата инвестиција и партнерството со Филип Морис и посакувам за неколку години да го достигнат и надминат нивото на комбинатот кој го имаа пред повеќе десетици години – вели градоначалникот Марјан Ристески. 

Одбележувањето ќе започне утрото со Литургија во црквата Св. Благовештение, потоа кај Параклисот ќе се изврши водоосветување и прережување на празничниот колач, по што ќе следи светиниколскиот ручек.

{AG}382/svnikola{/AG}

– Да се биде домаќин претставува голема чест и одговорност. Како добри домаќини комплетно сме подготвени.  Ги поканувам сите граѓани масовно, како и секоја година да присуствуваат на убавиот празник. Освен 70 000 сарми, ќе се подготват и 300 кг. грав, исто толку и риба, како и по 1 000 литри вино, ракија и други пијалоци – вели Александар Дерменџиев, генерален директор на Тутунскиот комбинат.

Освен посните сарми, на трпезата ќе има грав, риби, ќе се пие ракија и вино. Организаторот најавува и збогатување на трпезата.

–  Сакавме да биде топло домашна атмосфера. Ќе има тиква, костени, пченица, славски, добредојде-колач за секој гостин за да се почувствува почесен на нашиот ручек. Тутунот кој што е социјален момент кај нашиот народ, го оставаат сите во периодот кога се пегла и почнуваат да ги виткаат светиниколските сарми – вели Татјана Јанкулоска, асистент на генералниот директор.

Вредните раце на жените од невладините организации свиткаа 70 илјади посни сарми.

Како и секоја година, така и оваа вредните раце на женските невладини организации Перспектива, Преродба, Мајка Традиција, Китка, Орхидеја и за првпат младите членови од Здружението на лица со епилепсија, ги подготвија посните сарми. Во Прилеп се прават најголем број на посни сарми во еден ден.

– Околу шеесетина жени виткаме сарми. Нí се придружија и младите на кои, ние како повозрасни мораме да íм ја пренесеме традицијата. Младост и искуството дават резултати – вели Лилјана Ѓорѓиоска, од невладините женски организации.

– Не е воопшто тешко да се виткаат сарми, чест е да се учествува на ваков традиционален настан – вели младата Сара Јаковлеска.

– Свиткавме 300 и нешто сарми. Ќе се ангажираме и в година, и ќе бидеме во поголем број – вели девојчето Снежана Станкоска.

Свети Никола е заштитник на градот, што е утврдено и со општински документ од 2006 година. Со најголемата порција, Прилеп во 2008 г. влезе во Гинисовата книга на рекорди.

МУЗИКА ЗА РАСПОЛОЖЕНИЕ

Музичката културна програма исто така ќе биде во духот на традицијата. Ќе настапат групите Ѓергев кои што свират македонска народна и изворна музика. Празничното расположение ќе го подигнат и звуците од песните на познатите групи Тајфата и Вива арте, за да се создаде весела атмосфера во центарот на градот.

ЗАШТИТНИК НА СИТЕ

Свети Никола Чудотворец е заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патниците…  Роден е во градот Патара, Ликија, на јужниот брег од Мала Азија, како единствено дете на верните, богати и угледни родители Теофан и Нина. Уште со самото негово раѓање, Светото предание му препишува чуда. Неговата мајка, Нина, чудесно се излечила од болестите откако го родила. На денот на неговото крштевање, без човечка помош стоел на своите нозе три часа, за што подостојно да ја прослави Пресветата Троица. Уште од најрана возраст, како бебе го почитувал и се придржувал на постот в среда и петок, така што не го прифаќал мајчиното млеко во тие денови додека неговите родители не завршиле со вечерните молитви. Знаењето за духовниот живот Св. Никола го стекнал преку својот чичко Николај, епископот Патарски, кој го назначил прво за отец, а потоа и за свештеник. Свети Никола починал во длабока старост на 6 декември 343 година според стариот Јулијански календар и бил погребан во градот Мир во Ликијската област во Мала Азија. Во 11. век кога Турците ја освоиле Ликија, неговите мошти биле пренесени во италијанскиот град Бари каде што се и денес.

СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ЗА ПРАЗНИКОТ

По повод празникот, Св.Никола во временскиот интервал  од 20 часот на 18.12.2015 сé до 14.00 часот на 19.12.2015 година ќе се изврши пренасочување на сообраќајот на дел од Булеварот Маршал Тито, односно на крстосницата на ул.Марксова и ул.Кузман Јосифовски – Питу – соопштуваат од СВР Битола. 

Loading