ОД ЕДНА, ДО ВЕЧЕРА

Гостилница „Ај по една…“

Zadovolstvoto na gostite e na prvo mesto - Mile   PoposkiДодека се минува по цветната уличка во Старата чаршија, од неодамна отворената гостилница „Ај по една…“ го привлекува сетилото за мирис со посебната арома. Внимание предизвикува не само името, туку и пријатната атмосфера. Зад новото катче кое полека, но сигурно станува извор на вкусно приготвена храна, стои Миле Попоски. Дваесетина години збирајќи искуства како келнер, готвач и скараџија, се охрабрил да стане стопан на своето, тргнувајќи со идејата да создаде несекојдевно и лесно запамтливо доживување за гурманите. Со инвестициски вложувања во ентериерот, веќе два месеци се пробива во угостителските бизнис води.

– Такаречи, цел живот го минав во скараџискиот занает. Дојде преку ноќ идејата за сопствен бизнис. Бев инспириран од секојдневните разговори во кафеана меѓу пријатели кога се натегаат “Ај да направиме по една”. Па, ај уште една за подобар амбиент и повесело расположение – вели Попоски.

Уредениот ентериер со чувство за естетика, ја надополнува и услугата и  раскошот на вкусови. Свежо и внимателно приготвено од рацете на врвниот персонал со долгогодишно угостителско искуство, на менито, покрај традиционалниот вкус на специјалитети на жар, се најдуваат специјалитети на кои и ситите не можат да одолеат. Тежнеат, гостите да го нарачаат “вообичаеното”, но и да ги вкусат мајсториите и новитетите од стручнаци на кулинарството. Така отскокнуваат со својственоста на пилешко со павлака или во кари сос, свинско филе во пепер сос, сите видови на свежо печено месо, топли поховани предјадења на штица. Богат е изборот на рибни специјалитети, зготвени на таинствен начин. Размислуваат за проширување на софрата, да понудата тестенини. Основен мотив им е креативноста, зачинета со мераклиски сенс. Водилка им е и истражувањето и откривањето на нови комбинации кои ќе ги задоволат вкусовите и на најпребирливите гурмани. Водат сметка, менито да биде и вкусно, но и да „боде“ очи со дизајнот и декорот на порцијата.

Сé на сé, прсти се лижат во гостилницата, каде храната се доживува со полн интензитет. Релаксирачкиот амбиент додека се густираат специјалитетите по викенд ниски цени, е дополнителна нотка за повесело расположение и создавање незаборавни моменти. Тука придонес има и широкиот избор на музика за душата во живо. Посетителите уживаат во топлата атмосфера без разлика дали е за ручек, вечера или дружење со пријателите или романтична трпеза со партнерот.

Љубезноста на персоналот и поволните цени за сечиј џеб ги мамат љубопитните. Гостите ги доверуваат миговите за задоволство и тие не можат да се изневерат. Бидејќи по првиот залак сите се воодушевени и се враќаат пак, стануваат препознатливи, а на некои такаречи денот им почнува со “ај по една” – од кафе, до поткаснување колку “да се залебат”, па останувајќи и за ручек, вечера.

Влијание на атрактивноста има и комплетната посветеност на Попоски. 

– Добро е за почеток. Нови сме и полека нé откриваат. Бизнисот бара максимален ангажман. Мислам дека некогаш денот е мал со 24 часа, сите обврски да се завршат “тип-топ”. Треба трпение. Нема откажување. За на пролет претстои уредувањето на летната бавча. Внимаваме да биде сé под конец, оти задоволството на муштериите е на прво место – кажува Попоски.

Стојат на располагање и за организирање секаков вид веселби до 60 гости.

Loading