СОУ „Орде Чопела“
Ирена Дивјакоска и Ангела Стомнароска со професорот Камче Бошковски од СОУ „Орде Чопела“ ги докажуваа тракторските вештини на Државниот натпревар меѓу земјоделски претпријатија, индивидуални фармери, студенти и ученици во Карбинци, кај Штип. Дивјакоска умешно возеше и го освои првото место. Компетентноста на Стомнароска í донесе сребрен медал.
Заедно се закитија со злато во женска конкуренција екипно. Менторот Бошковски истакна дека трите медали се дополнителен поттик за посветеност на земјоделската струка.