„ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНЕЦ …“ ПРЕМИЕРНО ВО КИНО МИС СТОН

Документарецот „Последниот Македонец… Патот до истребувањето“ во режија на Илија Пиперкоски, премиерно ќе биде прикажан вечерва од 19.30 часот во киното Мис Стон.

Пренесени се крвопролевањата, разделбата на семејствата, моќта на соседите, желбата за уништување на Македонија – татковина распарчена  на многу делови и херои со големи планови и силна  желба да останат свои на своето… Филмот ја испишува нашата историја 100 години подоцна, по бројните разделби и уништувања, која преку факти и докази ја пренесуваат историчари од Србија, Грција, Бугарија, Турција, Русија и Македонија. 

Loading