ПРЕД ФИНИШ ИСТОЧНИОТ КОНАК

На манастирот Свети Архангел Михаил

Во завршна фаза е изградбата на источниот конак на манастирот Св. Архангел Михаил во Варош, проект со кој ќе се добие нов комфорен манастирски простор. Премиерот Никола Груевски, придружуван од министерката за култура Елизабета Канчевска – Милевска беше запознат од владиката Петар со значењето на овој манастирски комплекс. Во изградбата на конакот се вложени околу 18,5 милиони денари, од кои 14,5 милиони денари се за објектот и дополнително за ентериерот. Изградбата е во поддршка на развојот на манастирскиот туризам и на МПЦ.

– Ова е еден од најатрактивните православни храмови, кој има култно место во колективната свест и православната традиција, особено кај прилепчани – вели министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.

Манастирот Св.Архангел Михаил е еден од најубавите и најзначајните културни споменици и религиозни центри во земјава, за кој се грижи петчлено сестринство.

Loading