ВТОРА ИНСПИРАЦИЈА ОД ВЕЗИЛКАТА

По повод роденденот на доајенот на македонската литература, Блаже Конески, по вторпат ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп го реализира литературниот конкурс „Поетска везилка“. До 10 месецов, љубителите на пишаниот збор ќе можат песните да ги испраќаат во ОК на ВМРО -ДПМНЕ на ул. „Прилепски бранители“ бр.44 или електронски на [email protected] со назнака „За литературен конкурс – Поетска везилка“. Резултатите ќе бидат објавени на 14. декември на порталот www.vmro-dpmne-prilep.org.mk и во медиумите. Стручна комисија ќе оценува и ќе додели три награди, а песните ќе бидат промовирани на поетската вечер на 16. овој месец. Творештвото од секој учесник ќе биде дел од второто издание на алманахот.

По големиот интерес лани, се очекува да се пријават над 54 поети. На „сефтето“ од манифестацијата, за најдобра беше избрана  „Јас ќе ти ги спомнам зборовите“ од Габриела Стојаноска – Станоеска. 

Loading