РЕМЕК ДЕЛА ЗА ЗДРАВА ХРАНА

ОУ „Добре Јованоски“

NOSECKA FOTO - Ovosjeto i zelencukot vistestva na trpezataСо работилницата Уметност преку храна, учениците од одделенска настава од ОУ „Добре Јованоски“, ја покажаа креативноста, пренесувајќи ја пораката дека овошјето и зеленчукот треба да бидат витештва и блажества во секојдневната трпеза. Креациите од овошје и зеленчук беа ремек дела на кои се воодушевуваа не само родителите, туку и повозрасните ученици.

– Со искористените продукти се укажува на храната која води до подобро здравје. Паралелно се зголемува активноста и креативниот дух. Децата се дружат, го збогатуваат другарството и тимската работа, а и родителите ја развиваат соработката – вели наставничката Каролина Николоска.

Најкреативните се закитија и со благодарници.

Васко Димитриоски од 5-1 одделение кај наставничката Олгица Велјаноска освои прва награда со уметнички изработената птица од пашканат во кафез од тиква. Зад него стоеше “овошната икебана”, дело на третооделенецот Лука Тасески. Третонаградени беа Јована Димитриоска и Ана Марија Спасоска. Нивни ментори беа Олгица Велјаноска, Анета Путеска, Каролина Николоска, Валентина Јованоска и Билјана Ангелеска.

– Икебаната како кошничка од храна беше со маслинки, киви, тиква, моркови, праз. Не беше тешко. Мајка ми помогна. Препорачувам јадења со овошје и зеленчук за сите да бидат здрави, да растат големи и силни – вели Тасески.

И петтоодделенката Елена Најдоска извлекла поука како треба здраво да се храни.

– Јаболкото, бананата, краставицата и кивата, не само што се вкусни и здрави, туку со смисла се претворат во птици, желчиња, глувчиња, пајчиња и октопади – додава Најдоска.

Никола Лозаноски се гордее со ежот од зрна грозје.

– Изработив еж и гасеница од грозје, а од мандарина, полжавче. Лесно и интересно – кажува Лозаноски, кој обожува да јаде киви, банани, портокали и лимони.

Не е првпат ОУ „Добре Јованоски” да организира креативна и едукативна работилница со цел промоција на здравата храна. 

Loading