ПРИКАЗНИ НИЗ НОСИИ

Завод и музеј

Наскоро ќе биде отворена и постојана етнолошка поставка. Низ носиите и предметите кои се користеле порано ќе се раскажува приказната за постоењето на народот на овие простори. Привршуваат работите на просторот во Завод и музеј во кој ќе биде сместена изложбата.  

– Со  1,3 милиони денари од Министерството за култура успеавме да го завршиме градежниот дел. В година планираме уредување на внатрешниот простор за експонатите кои сега се во депоата. Ќе се презентира целиот материјал од археологија, историја, историја на уметност. Создаваме постојана етнолошка поставка, невидена по својот концепт. Нема класично изложување на носиите од Прилеп и прилепско, туку раскажуваме приказна за циклусот од раѓање до смрт низ етнолошките експонати. Се надевам ќе биде интересна – вели Гордана Данаилоска Спироска, директор на Завод и Музеј.

Според градоначалникот Марјан Ристески, Прилеп првпат ќе добие комплетна атрактивна ентолошка поставка не само за граѓаните, туку и за сите туристи. Поставката во Участакот, со галеријата на икони и останатите музејски збирки, ќе ја комплетира понудата за развој на културниот туризам.

Loading