КОНЦЕРТ НА СТАРОГРАДСКИ ПЕСНИ НА ОКТЕТОТ ПРИЛЕП

Oktetot PrilepБогат репертоар на староградски песни на Октетот Прилеп ќе може да се слушне в четврток, 26 ноември од 19 часот во ЦК „Марко Цепенков”. Традиционалниот целовечерен концерт и годинава ќе ја афирмира староградската песна, негувана од осумте заљубеници во македонскиот мелос стар со децении, па и столетија.

Октетот со години ги одржува “зелени” музичкото наследство и градската култура, пренесувани со генерации, од колено на колено.

Досега се издадени три албуми.        

Loading