„ТРИ ДЕНА ВО СЕПТЕМВРИ“ ВО КИНОТО МИС СТОН

Од 24 до 29 ноември

Љубителите на филмот од 24 до 29 ноември ќе имаат шанса да го гледаат на големото платно филмот „Три дена во септември“ во киното Мис Стон. Најновиот македонски игран филм во режија на Даријан Пејовски час иполовина раскажува приказна за две различни жени, кои по игра на судбината се принудени да си помогнат една на друга. Едната убива човек во самоодбрана и бега со воз и ја запознава другата која е тивка и срамежлива жена.

– Мистериозната драма вреди да се види – порачуваат од Ц.К. „Марко Цепенков”.

Филмот се прикажа на фестивали во Монтреал и во Чикаго. 

Loading