ЉУБОВ ВО „АМАНЕТ”

Нов роман од Марија Ѓорѓиоска

Novo delo na Gorgioska„Аманет” е насловот на новиот роман од писателот Марија Ѓорѓиоска. Пренесна е животната сторија на една личност, осудена на трагедија, додека една рака не ја памети раката на судбината кон другата страна и не го покаже излезот од мрачното минато.

– Приказната наведува на замисла за своите дела и внимателно слушање на внатрешното јас. Не се знае дали може да се побегне од судбината. Меѓу кориците се спознава љубовта и жртвувањето на мајката. Патување низ времето, мириси и сетилни доживувања, солзи, болка и најмногу љубов има на страниците – вели авторот.

За неа перото е радост и тек на мислите како река. Особено ја инспирира љубовта.

Ѓорѓиоска пишува од кога знае за себе. Дебитираше со романот за деца „Емилија”. Потоа дојде поезија „Искри на душата” со која стана и добитник на награда. Потпишана е на романите „Гнило гнездо” „Да си простиме”, „Изгубено време” и „Бабините бисерни обетки”.  Автор е и на стихозбирките „Издишки од срцето”.

Писателот и слика во масло на картон и на платно. Имала осум самостојни и групна изложби.

Член е на ДЛУП и на ДНУ.

Loading