РЕВИЈА НА МАКЕДОНСКИ ФИЛМСКИ КЛАСИЦИ

Пет играни македонски наградувани филмови ќе бидат прикажани на ревијата на македонските филмски класици од 18 до 20 ноември во киното Мис Стон. В среда е „Тетовирање” во режија на Столе Попов, снимен 1991 година. Ревијата продолжува во четврток и петок кога од 18 и од 20 часот ќе бидат прикажани по два филма. Тоа ќе бидат „Планината на гневот” на Љубиша Георгиевски, „Среќна Нова 49″ на Столе Попов, „Хај фај” од Владимир Блажевски и „Три Ани” на Бранко Бауер.

Цената на влезниците е 50 денари.

ЦК „Марко Цепенков” ја организира ревијата во соработка со Вардар филм. 

Loading