Сублимирани се сознанијата за локалитетот Таламбасица кај селото Крушевица, во Мариово, по годинашните археолошки истражувања. Од движните наоди се пронајдени малку фрагменти од керамички садови. Два фрагменти се украсени, од кои едниот со пошироки, плитки и тесни канелури, а другиот питос со врвови од прсти и поширока плитка канелура. Од дршките се откопани лентести со правоаголен пресек како и јазичестите. Ова е прв и единствен ваков откриен локалитет не само во Мариово, туку и во Македонија.
– Тумулот е уникатно и оригинално архитектонско решение. По расчистувањето утврдивме дека е косо поставен, од север кон југ, со јајцевидна форма. Главен конструктивен елемент е оградниот ѕид, кој е важен дел од архитектурата на тумулот и го штити насипот од развлекување. Тумулот е граден најмалку во три фази, во подолг временски период. Пронајдовме поголема конструкција од аморфен камен. Оградниот ѕид е од крупни аморфни или делумно обработени камени блокови, наредени во два реда – вели Александар Миткоски, археолог, советник, кустос во Завод и Музеј.
Таламбасица се наоѓа во близина на локалитетот Трештена стена.
![]()

