ИНТЕРЕС ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ СТАНОВИ

За неполни три недели во Меѓуопштинскиот центар за социјалани работи, сто корисници на социјална помош од четири категории, поднесле барања за добивање на еден од 76 стана во социјалната зграда во населбата Точила, во која државата инвестираше 130 милиони денари. Најбројни се корисниците на постојана парична помош. Засега нема ниту едно барање од категоријата слепи лица. Има барања на семејства кои претрпеле елементарна непогода и ромските семејства.

Во центарот за социјални работи очекуваат околу 200 апликанти.

Конкурсот за распределба на становите е отворен до 16 ноември. Површината на становите се од 35-42 м2, а наемнината ќе изнесува од 400 до 1.000 денари. 

Loading