ПИЕТЕТ ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВОЈНИЦИ ВО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

На германските гробишта

Vo mladite e idninata na EvropaФранцуско-германското помирување и соработка се пример и за помирувањето на овие простори, порачаа француската амбасадорка во Македонија Лоренс Оер и германската амбасадорка Кристине Алтхаузер на одбележување на денот на помирувањето по ужасите од Првата светска војна на германските гробишта.

Свежи цвеќиња положија делегации од речиси сите дипломатски претставништва во Македонија, претставници од кабинетот на Претседателот на Македонија, од Собранието, од Министерството за одбрана и од прилепската локална самоуправа.

Германската амбасадорка Алтхаузер жали за младите загубени животи од Првата светска војна и порачува како преку одличното француско-германско пријателство може да се стигне до помирување. На прашањето дали е потребно помирување на овие простори, Алтхаузер нагласи дека на младите е иднината.

– Ние се обидуваме да дадеме пример. Секогаш е само пример, но секогаш не може да се применува на сите простори. Се планира формирање на Младинска организација за Југоисточна Европа. Сметам дека е особено важно младите да разменуваат искуства и да соработуваат – вели Алтхаузер.

Француската амбасадорка Лоренс Оер нагласи дека сите сакаме да гледаме кон иднината. А на прашањето дали е направен чекор напред во помирувањето на овие простори, Оер оцени дека освен младите, треба да се вклучи економијата.

– Размислуваме да ги вклучиме младите, економијата, односно фирмите, заедно да работат на идното помирување на овие простори – вели Лоренс Оер.

На германските гробишта во Прилеп освен загинати германски војници, погребани се и војници од Бугарија и од Србија. 

Loading