ПРЕКУ ЈАБОЛКОТО ДО ЕКО ИНТЕГРАЦИЈА

ОУ „Блаже Конески

– Манифестацијата за подигање на еколошката едукација се реализира по 4-ти пат

– Паралелно тече реконструкцијата на училиштето кое добива постојано награди и признанија

Во блескаво светло, по четвртпат се покажа ОУ „Блаже Конески”, организирајќи ја манифестацијата Ден на јаболкото. Преку кампањата се спроведува идејата за интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем, по примерот на словенечките училишта. Вооружени со искуство и знаењето за важноста на правилната исхрана за здравјето, преку јаболкото како симбол, потсетија на добрите навики за здраво детство без мана.

1.Jabolkovi proizvodi za zdravo detstvo bez manaРај за очите беа иновативните идеи на учениците, вработените и родителите, преточени во изложбени штандови, преполни со вкусни слатки производи со шмектот на јаболко, спремени од детските рачиња со помош на родителите. Детскиот џагор ги исполнуваше и онака преполните ходници.

2. So korpa so jabolka se kanea minuvachite niz  centarГодинешниот Ден беше одбележан и со низа активности, како традиционалниот литературен и ликовен конкурс, спортските игри, квиз во знаење, работилници за изработка на производите кои ги красеа мноштвото штандови во училишниот хол. Во насока секојпат да бидат поразлични, необични, ден пред тоа, со корпи полни јаболка, донирани од учениците и вработените, се шетаа низ центарот да ги канат минувачите, ем почестувајќи ги со јаболко, ем делејќи позитивни пораки за здравјето.

3. Se sto se pravi vo ucilisteto pridonesuva za idninata na   decata - direktorkata Marija Dulevska– Идејата е да се поттикне свеста за конзумирање здрава храна кај децата и да се развиваат вештините на соработка при изработката на продуктите од јаболко. Се засилува соработката со родителите, со локалната заедница и бизнис секторот, кои се доста важни – истакна директорот Марија Дулевска.

Неуморното залагање на учениците, вработените, па и на родителите, придонесува Денот да стане настан, обележје за училиштето. А огромниот број посетители, меѓу кои и претставници од МОН, локалната самоуправа, директори на училишта, како и партнер училиштето од Зајас, е уште една дополнителна поддршка дека Денот прераснува во манифестација за гордеење.

Во 2013 г. училиштето го посети првата дама Маја Иванова како покровител на програмата Здрава храна за детство без мана.

Миленичиња за најдобрите уметници на Трагопан

Програмата за Денот на јаболкото беше збогатена со доделување на трите награди од Здружението за украсни птици и животни, Трагопан. Подароците – миленичиња, беа радост за децата – победници. Сергеј Гиноски за првото место доби папагал, Лина Николоска како второ наградена, хрчак, а третата Ива Димоска дома во вода ќе негува златна рипка. 

4. Decata -umetnici nagradeni so milenicinja od Tragopan– Интересот на изложбата беше доста голем. Најсилен одзив даде ОУ „Блаже Конески”. Како најактивни и најзастапени, заслужено ги освоија сите три места. Наградите се дополнителен стимул за развивање на љубовта кон животните. Се надеваме дека ќе продолжи соработката со училиштата уште почесто и поефикасно – рече претседателот на Трагопан, Горан Илиоски.

5.Priem na naucnici i tehnicari kaj pretsedatelot Gorge   IvanovНаставниците Бранко Бабаноски и Петар Андоноски, во соработка со Народна техника, вторпат учествуваа на државната смотра на млади техничари и природници, чиј покровител е претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов. Имаа прием и во кабинетот. Додека ги посетуваше штандовите во Скопје се претставија близнаците Виктор и Владимир Лазарески и нивниот брат Давид со компјутерски иновативни изуми, за чии изработки користеја најнова технологија и роботика, донација од УСАИД. Иновациите и афинитетите за науката и техниката, тимот од наставници со учениците, ќе ги пренесе и на Научниот саем во Белград, Србија, во декември годинава.

Училиштето, со поддршка на Народна техника, има можност да биде иден домаќин на слични настани. Веќе три години е домаќин на меѓуопштинската олимпијада на млади техничари и природници.

Како најспортско училиште, продолжуваат да ја оправдуваат титулата од 2010 г. од ФФМ. Освоеното второ место на општинските натпревари во футсал – женски, под менторство на Тања Јованоска, претставува успех, покрај немањето на спортска сала. Боите на училиштето ги бранеа Емилија Јовеска, Викторија Дунимаглоска, Ангела Талеска, Михаела Котевска, Ивана Димитриеска, Дона Кузмановска, Ирена Ѓорѓевска и Ане Звездакоска. Сите ветија дека силите ќе ги зајакнат со новата балон сала и фискултурна сала.

Со инвестиции до училиште во полн сјај

Поттик за учениците и вработените за ангажман во мноштвото разни активности и освојување бројни награди се инвестициите во реновирањето, со кои во целост се подобруваат условите. Локалната самоуправа оддели пет милиони денари за промена на столаријата. По избраната најповолна понуда од околу 3,5 милиони денари, веќе почнаа градежните активности за смена на старата со нова бела пвц дограма. Остатокот од планираните средства ќе се искористи за партерно уредување на дворот во подрачното училиште во Варош, за што наскоро ќе следи и оглас за избор на најповолен изведувач.

Во завршна фаза е балон салата, под покровителство на Тони Наумоски. Претходно беше реновиран ентериерот со поставување нови бетонски плочи меѓу катовите, нови подови од линолеум, комплетно малтарење на ѕидовите со абрип, спуштање на таваните со плочи од кнауф и поставување на нова електрична инсталација. За 2016 г. планирано е фасадирање, доуредување на дворот и изградба на фискултурна сала од мал тип за која се чека зелено светло.

ОУ „Блаже Конески”, со реализацијата на проектите, ужива репутација на врвна воспитно-оброзовна институција. 

Loading