ПРОДАДЕНИ ПЕТ ПАРЦЕЛИ ЗА БИЗНИС ВО ПРИЛЕП 2

Privelcni za biznise placevite vo  Prilep 2Локалната самоуправа продаде на електронска аукција пет парцели за мало стопанство, сервиси и складишта за околу 85 илјади евра во зоната Прилеп 2. Според Александар Јованоски, од администрацијата на локалната самоуправа, над 25 бизнисмени конкурирале за петте парцели со вкупна површина од 5.700 квадрати. Градежните парцели од 710 до 1458 метри квадратни се продадени во просек по околу 900 денари од метар квадратен – вели Јованоски.

Дознаваме дека помалите парцели се платиле и до 1361, а поголемите за 161 денар за метар квадратен. Почетната цена беше едно евро за метар квадратен, со чекор на лицитирање од минимум 100 денари. Предвидено е индустриските објекти да имаат максимум приземје и два ката.

Инвеститорите имаат на располагање девет месеци да обезбедат одобрение за градење, а плаќањето на вкупната сума, по депозитот од 30 отсто, се извршува по 15 дена.

Локалните власти подготвуваат уште десетина парцели за зоната Прилеп 2, откако продадоа 20 огромни парцели од по четири до пет илјади метри квадратни во зоната Прилеп 1, каде веќе се градат десетина објекти и финишира градбата на инфраструктурата.

Општината продаде на електронска аукција два плаца од по околу 400 метри квадратни од трите понудени за индивидуална станбена градба во новата населба Градина.

Loading