МЕРМЕР И КОВАНО ЖЕЛЕЗО НА МОСТОТ КАЈ ОУ „КОЧО РАЦИН“

„Завршен е тендерот, избрана е фирмата за реконструкција на мостот кај ОУ „Кочо Рацин“. Откако е изграден, нема претрпено никакви измени, а сега ќе се подобри и сигурноста и за пешаците и возилата, како и визуелниот изглед, оти на некој начин ќе претставува продолжение на пешачката зона што ќе се гради по ул. „Борка Талески“ на потегот од ОУ „Кочо Рацин“ па сé до споменикот на Пеце Атансоски“

Ова го изјави градоначалникот Марјан Ристески за претстојната реконструкција на мостовите почната пред една година.

Мостот ќе биде комбинација на бел мермер и кована ограда. Ќе го дополни амбиентот на централното градско подрачје и старата чаршија.

Првин се обнови и уреди мостот до старата автобуска, сега овој, а в година мостот кај Табана ќе стане кружен тек.

– Како што ќе има средства, ќе бидат реконструирани сите премини преку градската река и ќе се изградат нови пешачки мостови, кои во многу ќе го подобрат движењето во центрот – вели Ристески.

Средствата се комплетно од буџетот на локалната самоуправа.

Loading