МАЗНО ЗА ВОЛКОВО

Патот до селото Волково долг 5.000 метри наскоро ќе добие асфалт. Во тек се подготовките. И жителите на Големо Коњари ќе добијат 700 метри асфалт на две улици.

– Жителите на Волково ќе добијат асфалтна врска со градот за 400 илјади евра. Досега се изградени над 15 патишта на територијата на општината, а во селата се инвестирани пари во 100 км. асфалт. Завршен е и локалниот пат до манастирот Св. Петка во Лениште и до Маркова Чешма. За в година се подготвуваат проекти на патот за манастирот Прилепец и за други локални патишта – велат од локалната самоуправа.

Преку Центарот за регионален развој на Пелагонискиот регион ќе биде изграден плоштад во Големо Коњари. 

Двата проекта ќе се реализираат преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2015 година. 

Loading