ПРИЛЕП И ОПШТИНИТЕ РОКДЕЈЛ И ЛИВЕРПУЛ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ

Во Сиднеј, Австралија

Paraf za prodlabocuvanje na sorabotkataПоволностите за инвестирање во Македонија и Прилеп се претставија  пред десетици наши иселеници во Сиднеј и Мелбурн, Австралија. Промотор беше градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески заедно со амбасадорот на Македонија, Веле Трпески на форумот со австралиските бизнисмени и наши сограѓани. Гостите ги доловија многуте даночни олеснувања за отворање бизнис и проектот „Македонија вработува” со полно бенефиции за инвеститорите.

Nasite preku okeanot se interesiraatДомаќините од општините Рокдејл и Ливерпул во Сиднеј, каде што живеат Македонците, потпишаа со Прилеп меморандум за соработка и разбирање.

Ристески ги претстави инвестициските зони Прилеп 1 и Прилеп 2, како и новата урбана населба за станбена изградба Градина. Градоначалникот ги акцентира и инвестициските можности во приватното здравство, детски градинки и други гранки во индустријата.

Delegacija vo biznis pohodБизнис делегацијата од Прилеп го посети и Мелбурн. Гостите од Македонија беа пречекани од конзулот Бети Коруновска и бизнисменот Гоце Ристески. Делегацијата оствари средби со политичари, стопанственици, претставници на државни институции, а имаат и контакти со членовите на македонската заедница во Австралија.

Во прилепската делегација се претставници на регионалната стопанска комора и од Прилепската пиварница, Мермерниот комбинат, Витаминка, месната индустрија Марфил и други, кои остварија и билатерални економски контакти со колегите од Петтиот континент. 

Loading