ЃОШОСКА НОВ В.Д. ДИРЕКТОР

Здравствен дом

Odgorvno vodenje na Zdravstveniot dom-  Natali GososkaНов вршител на должноста директор на Здравствениот дом е Натали Ѓошоска. Таа е именувана на позицијата од страна на Министерот за здравство Никола Тодоров.

На чело на јавната здравствена установа, Ѓошоска која е магистер по економски науки, доаѓа од Одделението за даноци при Локалната самоуправа.

Инаку, Ѓошоска нема да се соочи со финансиски потешкотии, затоа што доаѓа на консолидирана состојба и во установа во која неодамна успешно заврши комплетната реконструкција на зградата и набавката на нов возен парк за потребите на Службата за домашна посета и Итната медицинска помош, обезбедени современи апарати и реагенси за биохемиската лабораторија и др. Предизвик ќе биде да ја оддржи стабилната позиција на контото, како и да реализира проекти со вклучување на здравствениот кадар од Прилеп кој ќе биде центар и носител на едукативните кампањи во регионов.       

Loading