ВКУСНА СОФРА ВО ПРИЈАТЕН АМБИЕНТ

Ресторан Сокак

Nov sjaj na poznatiot ambient - restoran SokakНиз тесните сокачиња во центарот на градот, “живна” нов ресторан, носејќи го името “Сокак”. Всушност, се работи за старо Болеро, освежен со нови сопственици, како спој на искуството и младоста. Горан Бачанов, располагајќи со пицеријата Хепи се впуштил во нов бизнис подвиг, негувајќи ја идејата понудата да ја збогатат со скара. Здружувајќи се со партнерот Никола Трајкоски, го запоседнале постојаниот објект, без поголеми вложувања туку со интервенции во пријатниот амбиент, давајќи му на објектот посебен шмект.

– По подолги преговори, заеднички ја реализиравме идејата. Го избравме Болеро како подобро уредено место да ги задоволиме сите вкусови. Ентериерот горе-долу е ист, само малку го проширивме просторот. Според местоположбата, дојде и името – вели Горан Бачанов, еден од сопствениците.        

Стартувале со мала скептичност како новајлии, но полека, полека, како што врват деновите, неделите, сé повеќе се изненадени од посетеноста. Муштериите со задоволство ги прифаќаат. Затоа ресторанот нон-стоп врие од гости, расположени за мезе, вкусен ручек, или починка со пијалок. Со автенитичен амбиент на добропознатата локација, широко ги отвориле портите за секакви семејни или бизнис муабети, како и за пријатни средби. Организираат и веселби по разни поводи, а за над 30 гости, даваат гратис музика во живо. Квалитетната услуга ја “засладиле” со одлична музика за сечиј вкус и желба. 

Organiziranje na sekakov vid veselbiСпасени од поголеми градежни инвестиции, вложуваат во менито. Во “Сокак”, покрај специјалитети на жар, нудат широк асортиман на готвени јадења по нарачка. Приготвуваат традиционални прилепски рецепти за најпребирливите гурмани. По желба на гостите, за опуштена атмосфера, викендите ги исполнуваат со вечери за паметење, кога се пее и игра на свирките во живо, додека се густира вкусното мени.

– Не е едноставно да се води бизнис. Бара многу трчање и ангажман од 24 часа. Олеснато е што долги години сум во угосителството со пицерија. Се трудиме да ја оправдаме довербата. Секој гледа да привлече внимание на свој начин. Посветени сме на барањата и вкусовите. Постојано го збогатуваме менито со “ај уште еден” специјалитет… – додава Бачанов. 

Рамо до рамо, се носат со желбите на клиентите. Веќе стекнале редовни муштерии, кои се враќаат втор, третпат…, поради задоволството од нивото на услугата со понудените содржини на трпезата. Тука не застануваат. Тргнаа по новитети, било во ентериерот, било во менито. Добрата клиентела им е поттик, а квалитетната услуга и вкусното мени, адут да одговорат на предизвиците на бизнисот.

Loading