ВИТАМИНКА НА РОМАНСКИОТ САЕМ ИНДАГРА ФУД

Atraktivna za Romancite paletata na VitaminkaМеѓу повеќе од 150 компании, Витаминка беше единствената македонска компанија на еден од најголемите европски саеми за храна, Индагра фуд во Романија. Компанијата ја претстави целата палета производи и го привлече интересот на производители, трговци и сопственици на малопродажни синџири и граѓани. Саемското издание го разгледале 10 илјади посетители.

Секое саемско искуство носи нови сознанија и придобивки.

– Често сме присутни на саемските манифестации и ги следиме сите, затоа што оваа стратегија е продуктивна. Придобивките почнуваат со изложувањето на производите и првиот контакт со локалните потрошувачи или пак со дистрибутерите и трговците. Саемите носат нови сознанија и заклучоци соодветно на географската и етнографската поставеност. Тоа дава вредни информации за подобро развивање и позиционирање на извесен производ на кој било странски пазар. Денес саемите стануваат интердисциплинарни едукативни и информативни настани, од каде може многу да се научи, а ние тоа максимално го користиме – изјавија од Витаминка.

Меѓународниот трговски саем Индагра фуд ги поврзува производителите и трговците од локалниот и соседните пазари за прехранбена индустрија за промовирање на компании и позиционирање на нивните производи. 

Loading